Фудбал

Габриел Жесус оваа лето си заминува од Арсенал?

Габриел Жесус оваа лето си заминува од Арсенал?

Арсенал на крајот од сезоната би можел да се раздели со напаѓачот Габриел Жесус, пренесува „Атлетик“.

Британските медиуми пренесуваат дека раководството на Арсенал е спремно по завршувањето на сезоната да ги сослуша понудите за бразилскиот репрезентативец.

Жесус во Арсенал пристигна во 2022 година од редовите на Манчестер Сити за сума од околу 50 милиони евра. Неговиот договор со „топџиите“ е со важност до 30. јуни 2027 година, а челниците на лондонскиот клуб се надеваат на добра заработка.

Сезонава Жесус одигра 33 натпревари и постигна осум голови. Причина за неговите променливи настапи имаат и повредите поради кои често беше надвор од тимот. Дресот на репрезентацијата на Бразил, Жесус го носеше на 64 натпревари и постигна 19 гола.

To top