Ракомет

Унгарски Ѓер добива нов тренер

Унгарски Ѓер добива нов тренер

Раководството на унгарскиот Ѓер го промовираше новиот тренер.

Станува збор за Швеѓанецот Пер Јохансон, кој е селектор на холандската репрезентација, а сега ќе има и паралелна работа.

Тој е селектор на Холандија од 2022, а во 2023 го освои петтото место на СП, а претходно седеше на клупата на Црна Гора и Шведска.

На клупско ниво, го водеше романскиот ЧСМ Букурешт, а потоа беше дел од рускиот тим Ростов Дон.

To top