Економија рке

Поевтинуваат горивата од полноќ

Поевтинуваат горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика одлучи за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден/лит, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98,  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,306 ден/кг и сега ќе изнесува 42,629 ден/кг.

Ова се цените на горивата кои ќе важат од полноќ:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,629 (денари/килограм)

To top