Хроника во Куманово

Нова несреќа со мотокултиватор, едно лице тешко повредено

Нова несреќа со мотокултиватор, едно лице тешко повредено

На 19.05.2024 околу 20.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Октомвриска револуција“, ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.С.(63) и мотокултиватор управуван од Ф.С.(35), двајцата од Куманово, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.С., констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

To top