Ракомет

Македонските ракометарки беа супер на средбите со Велика Британија

Македонските ракометарки беа супер на средбите со Велика Британија

Членот на стручниот штаб, Едуарда Аморим ги пофали македонските ракометарки за високото залагање на двете средби.

– Денес беше малку потежок натпревар затоа што игравме формација 3-2-1, како и одбрана 7:6. Девојките беа супер, одиграа концентрирано. Во напад одредени моменти ни недостасуваше дисциплина. Сумарно, целата измината недела можеме да ја оцениме позитивно. Продолжуваме со напорна работа, изјави Аморим.

На првиот меѓусебен натпревар, Македонките ги совладаа Британките со 36:17.Репрезентацијата играше во комбиниран состав, составен од ракометарки кои настапуваат во домашно првенство во систем на натпревари при Ракометната федерација на Македонија.

To top