Ракомет ракомет

Група Ф: Данска апсолутен фаворит, Португалија и Чешка во борба за второто место

Европското ракометно првенство е на прагот. Најсилните репрезентации од стариот континент одново ќе се борат за престижниот трофеј, кој од минатиот собир е во сопственост на Шведска.

Група Ф: Данска апсолутен фаворит, Португалија и Чешка во борба за второто место

Европското ракометно првенство е на прагот. Најсилните репрезентации од стариот континент одново ќе се борат за престижниот трофеј, кој од минатиот собир е во сопственост на Шведска.

Швеѓаните сигурно ќе имаат голема конкуренција во трката за одбрана на трофејот, а меѓу главните фаворити за најсјајното одличје е секако и репрезентацијата на Данска, која е апсолутен фаворит во групата Ф на континенталниот собир. Данците за противници ќе ги имаат Грција, Португалија и Чешка, и сигурно ќе атакуваат на првото место, кое би можело значително да им го олесни патот кон полуфиналето. Двократниот европски шампион секогаш важи за еден од главните фаворити на овие турнири, па истиот случај ќе биде и овој пат.

Данска одново ќе биде предводена од големи ѕвезди на европскиот ракомет, а тука се секако Никлас Ландин, Микел Хансен, Магнус Ландин, Расмус Лауге, Матијас Гидсел, Ханд Линдберг и останатите. Оваа чета на кормилото ќе го има долгогодишниот селектор Николај Јакобсен, со кој Данците стигнаа до многу успеси, меѓу кои и трите шампионски титули од ракометните Мундијали, што е апсолутен рекорд во овој сегмент.

Португалија, Чешка и Грција сигурно ќе пружат голема борба за второто место кое директно води во втората фаза од шампионатот, а во оваа конкуренција најмали шанси има дебитантот на Европските првенства, репрезентацијата на Грција.

Чешка и Португалија веќе имаат искуство од големите натпреварувања. За „европските бразилци“ ова ќе биде седмо учество на големите собири, додека Чешка ќе учествува по дванаесетти пат, а најголем успех остварија во 1996 и во 2018 година, кога двапати стигнуваа до шестото место.

To top