Фудбал лига на нации

Ерменскиот селектор Петраков: Македонија е фаворит за првото место во групата

Минатата година, Македонија во пријателски натпревар одигран во Струмица, ја победи Ерменија со 3-1. Против Ерменците, Македонија има позитивен биланс, со надеж дека истиот ќе продолжи и во најновото издание на Лигата на Нации. Покрај Ерменија, во нашата група се и Фарски Острови и селекцијата на Летонија.

Селекторот на Ерменија, Олександар Петраков ја коментираше ждрепката во Лигата на Нации, и смета дека Македонија е главен фаворит за првото место во групата.

„Добивме интересна група. Игравме со Македонија во минатото, и тие се многу добар тим. Одиграа многу квалитетно во квалификациите за Европското првенство. Во овој момент нема слаби противници, и ќе бидеме сведоци на многу квалитетни натпревари во престојната Лига на Нации. Мислам дека Македонија е фаворит за првото место во групата“, изјави Петраков.

Македонија ќе ја дочека Ерменија на 10. септември, а ќе гостува на оваа селекција на 13. октомври.

To top