Познати

И ПУКНАА ПАНТОЛОНИТЕ СРЕДЕ КОНЦЕРТ: Пријовиќ побара обезбедувањето да ја крене во раце, а нејзиниот коментар за пехот никој не го очекуваше (ВИДЕО)

И ПУКНАА ПАНТОЛОНИТЕ СРЕДЕ КОНЦЕРТ: Пријовиќ побара обезбедувањето да ја крене во раце, а нејзиниот коментар за пехот никој не го очекуваше (ВИДЕО)

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ синоќа го одржа првиот од петте закажани концерти во Осиек.

Публиката толку многу ја засака, за што сведочат бројните распродадени арени.

Во текот на вечерта Александра доживеала една непријатност, која ја споделила со своите обожаватели.

Пејачката во еден момент побарала да ја спуштат меѓу публиката, а откако се вратила на сцената. нејзиниот тим ѝ рекол што ѝ се случило.

– Ми рекоа дека ми пукнале панталоните, но што сега, не е важно – рекла Александра, па продолжила да пее.

По завршувањето на концертот, Александра Пријовиќ одржа прес-конференција на која откри што мисли за забраната на нејзиниот концерт во Задар.

– Колку што ја видов изјавата, не постои никаква забрана. Мислам дека тука сè е во ред и во оваа прилика го поздравувам градоначалникот, иако рече дека не слуша ваков вид музика. Ако се предомисли, добредојден е на концертот – порача Александра.

Најнови вести од Познати

To top