Кошарка

Навивачи на Фенер тргнаа да се тепаат со кошаркарите на Монако (ВИДЕО)

Навивачи на Фенер тргнаа да се тепаат со кошаркарите на Монако (ВИДЕО)

Гостите во финишот имаа постојана предност, благодарение на потезите на Мајк Џејмс и соиграчите, а ужасно лош кај домашните беше Скоти Вилбекин.

Тој промаши од полудистанца на минус еден, а во контрата следуваше обидот на Тарик Биберовиќ да направи прекршок во напад, нешто што судиите не досудија. Донта Хол потоа ја заби топката за плус три, на само неколку десетинки до крајот.

Откако се огласи сирената, луѓето кои седеа покрај теренот ги нападнаа играчите на Монако кои ја славеа победата, а имаше голема гужва.

За среќа, реагираше и клупата на Фенербахче која направи „жив ѕид“ меѓу споменатите лица и членовите на Монако, а во таа прилика ја видовме и реакцијата на Саша Обрадовиќ, кој се обиде да ги смири своите кошаркари.

To top