Вести

„Убаво удри, се здрма, но кратко беше“: Дел од жителите на Скопје осетиле земјотрес ноќеска

„Убаво удри, се здрма, но кратко беше“: Дел од жителите на Скопје осетиле земјотрес ноќеска

Земјотрес кој според одредени тврдења на македонски граѓани значително се осетил во дел од скопското подрачје ја стресе Македонија ноќеска помеѓу 01 и 02 часот.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот е регистриран во 01:39 часот, но засега не се познати повеќе детали, иако веќе поминаа повеќе од 6 часа.

– „Се здрма цела куќа….“, „Убаво удри, се здрма, но кратко беше“, „Се жалат по ФБ, куќите им се треселе“, „Страшен звук, вертикален беше“, „Убаво се осети и слушна“, се вели во коментарите на сајтот на ЕМСЦ од корисници од Македонија.

Според коментарите, земјотресот најсилно е осетен во реонот на Драчево, Батинци, Пинтија и Студеничани.

To top