Скопје МВР

Во Скопје санкционирани 125 возачи

Во Скопје санкционирани 125 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Поврзани теми

To top