Скопје Значајно за децата

Стојкоски на терен: Реконструирана училишната спортска сала во ООУ „Мирче Ацев“

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука.

Стојкоски на терен: Реконструирана училишната спортска сала во ООУ „Мирче Ацев“

Општина Ѓорче Петров финишираше со реконструирањето на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е веќе пуштена во употреба, информира градоначалникот Александар Стојкоски.

-При реконструкцијата изведено е менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, целосно нова вентилација и опремување со нови спортски реквизити. Овој проект беше неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците. Со негово завршување, направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров, истакна тој.

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука.

To top