Скопје Карпош се претвора во бетонска џунгла

Јаревски: Стевчо Јакимовски го бетонизира Карпош за бизнис од 600 милиони евра за „Пуцко Петрол“ близок до СДС и ДУИ

600 милиони евра за „Пуцко Петрол“, семејна фирма на Исмаил Јахоски, пратеник од коалицијата СДС – ДУИ преку бетонизација на Алумина во режија на Стевчо Јакимовски, истакна на денешната прес-конференција Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Јаревски: Стевчо Јакимовски го бетонизира Карпош за бизнис од 600 милиони евра за „Пуцко Петрол“ близок до СДС и ДУИ

-Јакимовски е испостава на власта и „Пуцко Петрол“ за реализација на милионскиот бизнис.

За 600 милиони евра ќар за фирма на луѓето од власта, кој треба да го обезбеди Стевчо Јакимовски преку ДУП-от кај Алумина со кој се предвидуваат кули и до 35 ката ќе се блокира цел Карпош. Тафталиџе ќе се претвори во тесно грло, како инфраструктурно, со целосен сообраќаен хаос, а за паркинг места да не дискутираме воопшто.

За газдата на „Пуцко Петрол“, чиј татко е пратеник на коалицијата СДС – ДУИ да стави над 600 милиони евра во џеб Стевчо Јакимовски не штеди зборови за напад кон ВМРО-ДПМНЕ.

Карпош заради бизнис интересите на власта се претвора во бетонска џунгла.

Урбаното и хумано живеење се менува за бетон и асфалт за фирмите блиски до власта да профитираат.

Стевчо Јакимовски е само параван на Ковачевски, кој треба да го истурка спорниот ДУП и да стави потпис за уништувањето на Карпош.

Ковачевски треба да знае дека таквите политики ќе бидат поразени, а ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се бетонизација кај Алумина да биде блокирана, порача Јаревски.

To top