Скопје реконструкција и ревитализација

Стефковски: Започна градежна офанзива во Гази Баба, ќе се асфалтираат 30 улици

Продолжуваат инвестициите во подобрување на патната инфраструктура!

Стефковски: Започна градежна офанзива во Гази Баба, ќе се асфалтираат 30 улици

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека е започната големата акција за асфалтирање на повеќе од 30 локални улици во Гази Баба.

-Започна голема акција за асфалтирање на над 30 улици во Гази Баба. Продолжуваат инвестициите во подобрување на патната инфраструктура! Развојот и подобрувањето на патната инфраструктура насекаде низ општина Гази Баба останува наш врвен приоритет, напиша градоначалникот на Фејсбук.

Тој откри во кои населени места ќе се асфалтираат улиците.

-Како локална самоуправа и оваа година ќе извршиме асфалтирање на повеќе од 30 улици во Јурумлери, Идризово, Виниче, Булачани, Гоце Делчев, Инџиково, Керамидница, Ченто, Кирил Петрушевски, Хиподром, Раштак и други населени места. Во изминатите две години извршивме реконструкција и ревитализација на повеќе од 60 локални улици,  напиша Стефковски

To top