Кошарка

Кливленд со триумф против Орлано се пласира во полуфиналето на Истокот

Кливленд со триумф против Орлано се пласира во полуфиналето на Истокот

Во серијата во која немаше ниеден брејк, триумфираше Кливленд со 4-3 откако во одлучувачкиот меч триумфираше со 106-94. Со тоа се избори за пресметка со Бостон во втората рунда од плејофот во кој предноста на домашен терен ќе ја има противникот.

Мичел е нејзаслужен за големата победа, постигна 39 поени, 9 скока и 5 асистенции, Леверт додаде 15 поени, а Мобли уште 11 поени и 15 скока. Кај Орландо, Банкеро оствари дабл дабл со 38 поени и 16 скока, недоволно за прва победа во плејоф серија по пауза од 14 години.

To top