Македонија Патриотизам, музика, доживување

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Спектакуларен концерт на Оркестарот на АРМ со воените оркестри на САД, Франција, Унгарија и Италија

Оркестарот на македонската Армија на воодушевување на преполната сала заедно со музичари од Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД донесе вистинско, според многумина, досега невидено уживање за публиката.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Спектакуларен концерт на Оркестарот на АРМ со воените оркестри на САД, Франција, Унгарија и Италија

Вистински спектакл вечерва во Македонската филхармонија. Со многу емоции, овации, неколкуминутни аплаузи на отворена сцена и полна сала до последното место, во Македонската филхармонија вечерва се одржа предновогодишен концерт во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

Оркестарот на македонската Армија на воодушевување на преполната сала заедно со музичари од Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД донесе вистинско уживање за публиката.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Концертот, кој се одржа под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, понуди разновиден репертоар од светски познати автори како Жорж Бизе, Јоханес Брамс, Џорџ Гершвин и Џоакино Росини, но и композиции од земјите на гостинските оркестри. Најголемата ерупција на воодушевување се случи со изведбите на воените оркестри во придружба на Андријана Јаневска и „Заветна“, „Учи ме мајко, карај ме“, како и на изведувачите од посилниот пол со „Налеј, налеј“  и македонски евергрини. Публиката беше воодушевена од фантастичниот репертоар.

Настанот го проследија бројни гости, меѓу кои и претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, министри во Владата, пратеници, претставници на дипломатскиот кор и многу други.

Со моќни звуци и извонредни изведби, концертот беше уште една потврда за успешната соработка помеѓу оркестрите на македонската Армија и армиите на НАТО-сојузниците. Гостите ја наградија изведбата со долг и бурен аплауз, препознавајќи ја важноста на овој културен и музички мост.

Најнови вести од Македонија

To top