Ракомет ракомет

Франција и покажа на Германија кој е ракометна велесила

Ракометарите на Франција покажаа зошто се една од најдобрите репрезентации откако по слабиот старт на шампионатот вечерва успеаја да слават против домаќинот Германија со 33-30. Иако натпреварот беше во егал скоро 50 минути, последните десет минути беа клучни во кои Французите покажаа дека во моментов се класа над Германците. Кентин Мае со пет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Кнор заврши со осум погодоци.

Шпанија доживеа вистински срам на ова првенство откако ова натпреварување го завршија уште во групната фаза. Тие вечерва одиграа само реми 33-33 со Австрија и со тоа се елиминирани од шампионатот. Херој за Австријците беше поранешниот ракометар на Металург, Јанко Божовиќ кој го постигна голот за реми на пет секунди до крајот на натпреварот. Проблем за Шпанците беше директниот црвен картон за Алекс Дујшебаев во 27. минута, што на крајот Австријците го искористија на најдобар можен начин.

Во најмалку неизвесниот натпревар од вечерашната понуда репрезентацијата на Унгарија одигра доминантно против Исланд и славеше со убедливи 33-25.

To top