Свет ИНСЕЕ

Стапката на инфлација во Франција прелиминарно се намали на 2,2 отсто

„Ова мало забавување на инфлацијата е последица на забавениот раст на цените на храната и тутунот, како и на годишното намалување на цените на индустриските производи“, се посочува во соопштението.

Стапката на инфлација во Франција прелиминарно се намали на 2,2 отсто

Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во Франција во април се намали од 2,3 отсто во март на 2,2 отсто, објави денеска Францускиот национален институт за статистика и економски истражувања.

Пазарите очекуваа априлската инфлација да биде уште пониска и да изнесува 2,1 отсто.

Цените на храната се зголемија за 1,2 отсто на годишно ниво во април, забавувајќи во однос на мартовските 1,7 отсто.

„Ова мало забавување на инфлацијата е последица на забавениот раст на цените на храната и тутунот, како и на годишното намалување на цените на индустриските производи“, се посочува во соопштението на веб-страницата ИНСЕЕ.

Спротивно на тоа, цените на енергијата во април прелиминарно се зголемија за 3,8 отсто на годишно ниво, што е забрзано споредео со мартовските 3,4 отсто.

На месечно ниво цените во Франција пораснале за 0,5 отсто.

Француската инфлација мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) што го користи Еуростат се зголеми за 2,4 отсто на годишно ниво во април, со исто темпо како и во март.

To top