Ракомет штрајкот на германската железница не важи за нив

ФОТО: Патот до Берлин – Стручниот штаб утврдува стратегија, еве како ракометарите го поминуваат времето во воз

ФОТО: Патот до Берлин – Стручниот штаб утврдува стратегија, еве како ракометарите го поминуваат времето во воз

Македонските ракометари вчера пристигнаа во Берлин каде ги очекуваат двата натпревари во рамки на групата А, против селекциите на Германија и Швајцарија.

Иако главните превозници во германската железница од 10-ти месецов се во штрајк, истиот не важеше за нашите ракометари кои настапуваат на Европското првенство.

Facebook/Ракометна Федерација на Македонија – официјална страница

Постигнат бил договор со организаторот на ЕП сите репрезентации кои од Дизелдорф продолжуваа за Берлин, сепак да се превезуваат со воз, со што значително им се скрати времето на патување.

За ваквиот потег се заблагодарија и од Ракометната федерација на Македонија.

-Пристигнавме во Берлин! Благодарност до Deutsche Bahn за прекрасното патување до нашата нова дестинација на ЕХФ ЕУРО, стои во објавата на РФМ на Фејсбук.

А во возот, време за дружба, релаксирање и по некоја друштвена игра. Некои се одлучија за „Брза географија“, друг решава крстозбор, трети избраа социјални мрежи или музика. А стручниот штаб на чело со селекторот Кирил Лазаров одлучи времето да го искористи за да ја утврди стратегијата за предизвикот наречен Германија.

To top