Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки до активистите на ДУИ: За поткуп се лежи во затвор, на 9-ти мај нема да ве спаси ниту Али Ахмети – ќе одговарате до еден

„Македонија мора да ја вратиме во рацете на граѓаните“ – напиша Ковачки.

Ковачки до активистите на ДУИ: За поткуп се лежи во затвор, на 9-ти мај нема да ве спаси ниту Али Ахмети – ќе одговарате до еден

Лудилото со поткуп од страна на ДУИ и СДС не застанува. Штотуку ме информираа дека кај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, биле пронајдени пари и биле пронајдени списоци за гласање. Истите биле лишени од слобода, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3.

„Немојте да се плашите, ДУИ не смее да извади пратеник во тројка. Ве повикувам сите масовно да излеземе на гласање.

А, за активистите на ДУИ им упатувам порака – на 9-ти мај ќе одговарате, за ова се лежи затвор. Ќе лежите сите од прв до последен. Нема да ве спаси Али Ахмети. Нема да ве спаси ниеден што ве пратил таму да правите поткуп. Бидете сериозни. Го кршите демократскиот процес.

Македонија мора да ја вратиме во рацете на граѓаните“ – напиша Ковачки.

To top