Познати утре започнува Евровизија

ДРАМА: Претставничката на Израел на Евровизија не смее да ја напушти хотелската соба, добива смртни закани – еве што ги чека организаторите доколку настапи!

Еден дури добила неколку смртни закани.

ДРАМА: Претставничката на Израел на Евровизија не смее да ја напушти хотелската соба, добива смртни закани – еве што ги чека организаторите доколку настапи!

Изборот за песна на Евровизија синоќа официјално започна со прошетка по тиркизниот тепих. И веќе на стартот, драмата во Малме го достигна својот врв.

Точно е дека долго време се шпекулираше дека на отворањето нема да има израелска делегација, а синоќа се покажа дека оваа вест е точна.

Отсуствуваа пејачката Еден Голан и нејзиниот тим, а причината беше очекувана – поради потенцијални закани и напади.

Безбедносните служби не сакале да ризикуваат, па во договор со делегацијата на Израел нашле изнудено решение.

Исто така, една од наведените причини е фактот дека се слави Денот на сеќавањето на холокаустот, и затоа ниту една церемонија која вклучуваше славење не доаѓаше во предвид.

За Еден се пишуваше многу поради конфликтот на Блискиот Исток, а организаторите со месеци беа под притисок поради одлуката да му се дозволи на Израел да учествува на Евровизија.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) неодамна ја заштити претставничката на Израел, како и некои други учесници на Изборот за песна на Евровизија и членовите на евровизиските тимови.

Еден дури добила неколку смртни закани.

Нејзиниот настап на Евровизија во Малме ќе се одржи во четврток, во второто полуфинале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EDEN GOLAN (@golaneden)

Дотогаш, како што е најавено, нејзиното движење во Малме ќе биде организирано на минимум.

Најнови вести од Познати

To top