Ракомет искуство

Данците триумфираа во Скопје, втор пораз на Алкалоид во Европската лига на ЕХФ

Денеска во третото коло од групата „Ф“ екипата на Алкалоид во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје загуби од Бјерингбро/Силкеборг со резултат 23:31 во Европската лига на ЕХФ. После првото полувреме данскиот претставник имаше предност против македонскиот вицешампион од 12:16.

Инаку стартот им припадна на ракометарите предводени од тренерот Кирил Лазаров, поведувајќи со 3:0, потоа водеа со 4:2, а последната нивна позитива стоеше 5:4 на семафорот.

Следуваше низа од три погодоци на противникот (5:7), а при 6:7 гостинот направи нова серија на голови за 6:10.

Данците до крајот на мечот не ја испуштија својата предност, највисоката во текот на првите 30 минути беше „плус шест“ (8:14), а до паузата Алкалоид само успеа само нешто да намали од негативата.

Во второто полувреме Бјерингбро/Силкеборг продолжи сигурно, не му дозволуваше на нашиот претставник да се врати резултатски, а значаен придонес имаше и голманот на гостите Ловквист кој собра 20 одбрани.

Во финишот од мечот данската екипа успеа да стекне неколку пати и до највисоки осум голови предност, истата остана до крајот на средбата (23:31).

Џонов беше најрасположен во редовите на Алкалоид со седум голови, два помалку запиша Серафимов. Голманот Трајкоски запиша 12 одбрани. На спротивната страна прв стрелец беше Халбак со девет погодоци.

По три кола во групата по четири бодови имаат Бјерингбро/Силкеборг и Војводина, три Ла Риоха, а еден Алкалоид. Играчите на Лазаров во следното четврто коло ќе играат повторно против Бјерингбро/Силкеборг во Данска на 21 ноември.

To top