Познати Судење на 8-ми декември

По пеколот кој го преживеа со децата, Тања Савиќ пред нов стрес: Судот ќе одлучува за старателство на Ѓорѓе и Максим

Пејачката ја одбила поканата на нејзината колешка Александра Пријовиќ да гостува на нејзиниот концерт во Загреб, бидејќи, како што вели, имала закажани свои настапи.

По пеколот кој го преживеа со децата, Тања Савиќ пред нов стрес: Судот ќе одлучува за старателство на Ѓорѓе и Максим

Тања Савиќ помина низ вистинска агонија со поранешниот сопруг Душан Јованчевиќ кога без нејзина согласност ги однел нивните синови Ѓорѓе и Максим во Австралија, по што завршиле на суд.

Како што претходно откри Савиќ, таа го чека декември и одлуката на судот во постапка која привлекува големо внимание во јавноста, па по тој повод српските медиуми ја контактираа и се уверија дали е подготвена да се соочи со поранешниот партнер.

– Имаме судење закажано за 8 декември. Во врска со децата и понатамошните случувања поврзани со старателството. Нема да се сретнеме затоа што рочиштето е „онлајн“, преку Зум и се уште не би коментирал на таа тема, сфатете ме, рекла Тања.

Пејачката ја одбила поканата на нејзината колешка Александра Пријовиќ да гостува на нејзиниот концерт во Загреб, бидејќи, како што вели, имала закажани свои настапи.

Александра Пријовиќ на синоќешниот концерт откри дека меѓу другото ја поканила и Тања како гостин во Арена Загреб, но таа ја одбила таа покана.

-Многу ми е жал што не можев да и бидам гостин на Александра. Имав закажани концерти, но знам дека публиката ме сака и ѝ благодарам за тоа, изјави Тања.

Најнови вести од Познати

To top