Познати

Принцот Вилијам проговори за здравјето на Кејт Мидлтон

Принцот Вилијам проговори за здравјето на Кејт Мидлтон

Принцот Вилијам денеска за време на јавен ангажман во Њукасл проговори за здравствената состојба на неговата сопруга Кејт Мидлтон, која пред повеќе од еден месец откри дека боледува од рак.

При посетата на принцот на овој град се собраа голем број граѓани кои сакаа да го видат и поздрават идниот крал на Велика Британија.

Меѓу присутните била и Џули Кеј (60), која го прашала принцот како е неговата сопруга и децата.

-Сите се добро, благодарам. Добро ни оди, одговорил Вилијам.

Принцот Вилијам полека се враќа на кралските обврски по паузата поради лекувањето на неговата сопруга Кејт Мидлтон.

Двајцата вчера прославија 13 години брак, а на социјалните мрежи објавија приватна фотографија од нивната венчавка.

Кејт во видео минатиот месец откри дека резултатите по операцијата покаже дека има рак и дека е на превентивна хемотерапија. Во споменатото видео, таа ги замоли луѓето да и дадат време и приватност додека се лекува.

Таа исто така им се заблагодари на сите за поддршката.

Најнови вести од Познати

To top