Хроника СВР Тетово

Повредени момче и девојка: Сообраќајна несреќа кај Галичник

На место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, соопшти МВР.

Повредени момче и девојка: Сообраќајна несреќа кај Галичник

На 01.05.2024 во 15:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека од шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(22) од Скопје, стои во соопштението на МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар, потенцираа од МВР.

To top