Музика „нема лорин да ја праќаме веќе“

ВИДЕО: Швеѓаните брутално саркастични – Преку песна се извинија што најмногу победуваат на Евровизија

Шведска учествувала на Евровизија 62 пати, првпат во 1958 година. Беше земја домаќин седум пати: три пати во Стокхолм (1975, 2000, 2016), три пати во Малме (1992, 2013, 2024) и еднаш во Гетеборг (1985).

ВИДЕО: Швеѓаните брутално саркастични – Преку песна се извинија што најмногу победуваат на Евровизија

Втората полуфинална вечер на Евровизија се одржа вчеравечер во Малме, Шведска. Домаќините покажаа одлична организација и забава, пред се во ревијалниот дел, додека публиката гласаше за своите фаворити.

Со искуството кое го имаат во организација на музичкото натпреварување, овој пат отидоа чекор подалеку.

Имено, Шведска заедно со Ирска, е држава која има најмногу победи на Евровизија. Токму овој податок тие го искористија да направат песна, прикажана во ревијалниот дел, каде на брутално саркастичен начин и се извинуваат на Европа за големиот број победи. Порачаа дека повеќе нема да ја праќаат Лорин да ги претставува, која на Шведска и донесе две победи.

-Ве молиме не ни се лутете, ние само ја сакаме Евровизија премногу, порачаа организаторите преку песната.

Шведска учествувала на Евровизија 62 пати, првпат во 1958 година. Беше земја домаќин седум пати: три пати во Стокхолм (1975, 2000, 2016), три пати во Малме (1992, 2013, 2024) и еднаш во Гетеборг (1985).

Ирска и Шведска се изедначени со бројот на победи на Евровизија, двете земји имаат по седум. Шведска победила во 1974, 1984, 1991, 1999, 2012, 2015, 2023 година , а Ирска во 1970, 1980, 1987, 1992, 1993, 1994, 1996 година.

По пет победи на музичкото натпреварување имаат Франција, Луксембург, Велика Британија и Холандија. Зад нив со четири победи е Израел. Норвешка, Данска, Украина и Италија имаат по три победи на Евровизија.

To top