Владата на Хрватска на денешната седница одлучи да му додели парична награда на нивниот евровизиски претставник, Бејби Лазања.
Како што објави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, износот кој ќе му биде доделен е 50.000 евра.
-Му честитаме на Марко Пуришиќ за освоеното второ место на Евровизија, со најголем број гласови од публиката. Како благодарност за придонесот и меѓународната промоција на Хрватска, Владата на Бејби Лазања и неговиот тим и ќе им додели износ од 50.000 евра, објави Пленковиќ.
Бејби Лазања со својот настап на Евровизија привлече огромно внимание. Неговата кореографија за време на настапот, ја повторуваше целата сала. Сега е вирална на социјалните мрежи, а се игра и на свадбите во Хрватска.
На Евровизија тој го освои второто место со песната „Рим Тим Таги Дим“. Во враќањето дома, беше пречекан на плоштадот како победник од огромен број граѓани.