Колумни

Божиќни писанија

Божиќни писанија

Почитувани читатели , дозволете да ви ги честитам божиќните празници со кои покрај неодамнешните новогодишни празници преставуваат природен граничник на случувањата на изминатата година и почеток на наредната 2024 изборна во која сите се надеваат на успех.

Но празниците брзо ќе завршат, и сакале или не ќе се вратиме во суровата реалност, во изборната 2024 во кои не очекуваат избори кои однапред ги прогласивме за историски ( впрочем како и сите други избори во Македонија кои се случуваа со години наназад). Време за предвидувања, но и време за ретроспектива кој што направил во изминатиот период за „доброто на народот“ и време да одлучиме кому да го дадеме сувереното право да ја води државата во наредниот четиригодишен период, и да ја артикулира нашата воља како граѓани. Значи да ги наградиме или казниме политичките актери во државата ни Македонија.  Актерите од кои некои  не пропуштаат прилика да ја наречат Северна на сите официјални настапи.

Во овие редови не ми е цел да говорам за нив, тие се си кажаа и си ја отпејаа лебедовата песна, судејки според анкетите. Полека ама сигурно одат на буништето на историјата. Цел ми е да се занимавам со нас и „нашето буниште“ според онаа народната:

– Прво исчисти го сопственото буниште, па после занимавај се со туѓото.

Токму тоа ми е намерата , намерата помеѓу другото ми е да му дадам апсолутна подршка на лидерот Христијан Мицкоски на предстојните парламентарни и претседателски избори.

Зошто ?

Овој мој став ќе го  образложам во наредните редови

Ако се свртиме во изминатиот период од неколку години наназад, не толку одамна, пред нецели 5-6 години и видиме кај  беше ВМРО-ДПМНЕ јасно ќе ја видиме разликата во рејтингот.

Потресени и разнебитени од многубројни пред се финансиски афери ВМРО-ДПМНЕ беше

„на колена“,

Христијан во права смисла на зборот беше затечен со  катастрофа во секој поглед.

Замрзнат имот на партијата, изгубена меѓународна подршка, збунено и дезориентирано членство, кое беше шиканирано и  малтретирано од таканаречените политички комесари кои ги инсталираше политичкиот ривал СДС во секоја институција, пратеничка група во која 8 пратеници на крајно квислиншки начин се одметнаа и гласаа за одлуката на СДС за промена на името,заради  дилови околу простување на казни за приватни извршени криминали. Се на се  катастрофална состојба во сите сегменти.

Партијата под негово водство за релативно кратко време успеа да се хомогенизира, пратеничката група стана компактна, иако некои му замераа за лабави политички ставови за секојдневните проблеми ,Мицкоски со мудра политика успеа да ја извлече партијата и од пепел како Феникс да ја направи респектабилна партија со највисок рејтинг во државата и буквално да се прошета на локалните избори. Во  најголем дел од  поголемите општини и на територија на град Скопје ВМРО ДПМНЕ го освои мнозинството во советите и успеа да постави градоначалници кои успешно ги имплементираат политиките  на ВМРО-ДПМНЕ .

Уште  еднаш докажа дека Најгласните не се и Најмудрите.

Гласноста вешто им ја одстапи на помалите политички партии одметнати од левиот блок(Левица и ЗНАМ),кои како нови политички субјекти делуваа во политичкиот живот во Македонија без одговорност. Во борба за превземање на гласачи,зборуваа онаа што гласачот сака да го чуе, без оглед на последиците по државата, знаејки дека нивните вратоломии ќе бидат препишани на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ која ќе биде осудувана од страна на власта.

Истовремено доаѓа до реакција на порадикалните членови и симпатизери, поради неенергична реакција на нашата партија,која на споменатите повторно  им оди во прилог.

Покажа дека ВМРО ДПМНЕ е сериозна државотворна партија, со сериозен лидер  кој воведе нови принципи на искрена и реална политика, на гласачите никогаш не ветувајки го она што не може да се исполни. Машки го издржа притисокот да го смени Уставот со својата пратеничка група кој Социјалдемократите го наметнуваа како единствен услов за прием во ЕУ и вешто ја разобличи нивната корупција и судскиот систем кои се многу далеку од европските стандарди.

Во наредниот период сите политички партии ќе ги извадат своите „Џокери “ пред електоратот ,некои легално и чесно на зелената маса наречена Избори , а некои ќе се обидат истите да ги извадат од ракав на нечесен начин. Некои од нив ќе посегнат и посегнуваат по  врбување на така наречени „наши“ активисти и бивши функционери и медиуми , кои како единствена задача ќе им биде критикување на лидерот Мицкоски и неговата екипа, се со цел намалување на неговиот рејтинг и рејтингот на партијата, кои тоа ќе го одработуваат  од чисто лукративни причини( пример последниот избор на Генерален Секретар во Град Скопје).Но во наредниот период ќе се изнагледаме такви примери во  Јавниот живот и ќе се увериме во „цврстиот морал и демократски принципи“ кои истите актери го употребуваат во дискредитација на Лидерот и Партијата.

Но јас лично  го преферирам шахот како игра, и лично би му дал доверба фигурите да ги води Христијан Мицкоски, ако сакаме да стигнеме до сигурна победа на наредните парламентарни и претседателски избори.

Посакувам сигурна победа со апсолутно мнозинство, мнозинство за да  ги спречиме помалите политички партии да не уценуваат при формирање на Влада ,иако не сум против сите да ги вклучиме (притоа мислам и на македонските и на албанските партии) во широк фронт за борба против корупцијата, појава која не нагризува и како општество и како држава .

Затоа апелирам до сите наши членови, активисти да се вклучат во овој поход кон победата.

Ако искрено и посакуваат добро на партијата и на Државата  да ги пренабрегнат суетите кои заедно со емоциите  представуваат  главен кочничар во политиката, при тоа посебно се обраќам на постарите членови ,не сакам да ги фафоризирам старите ниту   да ги потценам младите членови, ова го кажувам од едноставна причина дека помладото членство неможе да се сети бидејки не било родено во тие години. Да се присетат на маките кои ги истрпевме за формирање на Македонија, да бидат прагматични и со самото тоа да не дозволат правење на понтонски мост, каде главните виновници за актуелната состојба би се префрлиле на нашата победничка страна.

а со самото тоа да ја избегнат одговорноста за злоделата кои ги имаат направено во изминатиот период. Состојби кои беа присутни од не така далечната историја 1998 со Демократска Алтернатива , и 2006 со НСДП

Ова го велам без ронка сомневање, бидејки победниците се гледаат оддалеку, единствено нејасно останува формирање на влада, затоа да не дозволиме во овој историски момент за мајка Македонија на нашите внуци да им кажуваме кога ќе не прашаат

Кај сме биле во овие моменти?

На која страна сме биле ?

дека нас „први не стрелаа“ како во оној скеч на К-15.

Да го запомниме божиќ 2024 време на раѓањето на Христа, како време на раѓање на единство во партијата ВМРО ДПМНЕ и почеток на походот кон освојување на апсолутна победа , победа која ќе биде увертира на економски, материјален и морален опоравок на Република Македонија и почеток  на раѓање на надежта на нејзините граѓани од сите националности.

Сигурен сум  дека тоа би му бил најголем подарок за именденот на Претседателот на партијата.

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

 

Д-р Миле Јакимовски

 

To top