Колумни

Предвидувањата се остварија, поразот на власта ќе биде уште поголем

Она што можеби изненади, беа бројките. За некого можеби изнандувачки големи, за други катастрофално лоши.

Предвидувањата се остварија, поразот на власта ќе биде уште поголем

Помина првиот круг од Претседателските избори. Редоследот според бројот на освоени гласови е апсолутно идентичен со проценките на најголем дел политиколози, аналитичари, новинари…

Актуелната власт, пред се СДСМ, на големо негодуваше, велејжи дека истите се нереални, наместени, фингирани, и дека тие имаат свои анкети (кои никој не ги виде) кои зборувале нешто друго. Слични изјави даваа и Ванковска, како и Јакимовски кој велеше дека дури и ќе влезе во вториот круг.

Редоследот според освоените гласови излезе токму таков и како што се предвидуваше. Прва Силјановска Давкова, втор Пендаровски, трет Бујар Османи, четврт Таравари, петти Максим Димитриевски, шеста е Ванковска, и на дното како седми е Стевчо Јакимовски.

Она што можеби изненади, беа бројките. За некого можеби изнандувачки големи, за други катастрофално лоши.

Гласовите кај двајцата кандидати македонски Албанци беа во границите на очекуваното. Она што како плус го освои Османи беа гласови на новите коалициски партнери меѓу ромите, бошњаците и турците. Верувам дека тешко како партија ќе го повторат бројките на парламентарните, и дека албанската опозиција ќе има дополнителен просор за раст.

Апсолутни победници се Гордана Силјановска Давкова и Максим Димитриевски. Силјановска ги надмина очекувањата со бројот на гласови и извојува убедлива победа, со дури 40% од вкупниот број гласови. Дури и да се соберат гласовите на вториот и третиот (Пендаровски и Османи), Силјановска има 70 илјади плус, од двајцата владини кандидати. Тоа ја прави победата уште по голема, и по извесна и во вториот круг. Максим Димитриевски е своевиден победник во сенка, затоа што со партија стара само неколку месеци, успеа да стигне до делба на четвртото место со преку 80 илјади гласови, што е бројка за почит. Од политичар познат на локално ниво, успеа да повлече гласови во целата држава.

Сега малку за разочарувањата. Главниот лузер е Стево Пендаровски. Рекордно ниски бројки, апсолутен дебакл. СДСМ за првпат под 200.000 гласа. Ова е само потврда дека во 2019 победа извојува на плеќите на ДУИ. Има дупло помалку гласови од Силјановска Давкова, и поразот се гледа од авион. Настапи со негативна кампања, со навреди, црни сценарија, со воспевање на неговите одлуки, не сфаќајќи дека реална поддршка од народот, немал никогаш.

Ванковска по неуспешниот убид за кандидатура во 2014 година, конечно стана Претседателски кандидат. Влезе со доста еуфорија, иако многу брзо влезе во војна со дел од медиумите поради термини или реторика, прашање, што и да е, што не е добар начин да се придобијат гласачите. Претпоставувам, очекуваа и таа и Левица повеќе, но се сведоа во границите на бројките кои им и беа предвидувани, околу 40 илјади.

За крај Стевчо Јакимовски кој целосно потфрли. Дури и не ја достигна бројката од 10 илјади гласови, бројка која му беше потребна воопшто и да учествува во трката. Тоа само потврдува дека лица кои дале поддршка за некои од другите кандидати, се потпишале и за него во подрачните единици на ДИК. Тој водеше кампања во која многу зборуваше за теми поврзани со локалната и централната власт, за кои може да се рече и дека се добри предлози, но ова се Претседателски избори и фокусот треба да е кон нешто сосема друго.

Се‘ на се‘, изборите ги оправдаа позитивни очекувања. Бројките на излезност беа добри, околу 50%, то дава ветар во грб за парамнетарните избори. Со вакви бројките, малку што ќе може актуелната власт да направи, освен уште толку да ја загрее реториката и забега во негативна и црна кампања. Највпечатливи ми се ДУИ коинастапуваат агресивно, со некаква лажна еуфорија, иако од страна на ВМРО ДПМНЕ им беше соопштено дека не се посакуван партнер за во Влада. Сигурен сум дека токму нивните коалициски од внатре ќе ги саботираат и ќе го напуштат ДУИ веднаш по изборите, така да било каква нивна победа во етничкиот кампус ќе биде пирова, но и се губи поентата на етничко албански блок, кога во својата коалиција вклучија роми, бошњаци и турци. Тука веќе се ги поентата за некаков си легитимитет кај македонските албанци.

Во секој случај, ни престојат две исклучително инстерсни недели, исполнети со кампања и празници. Народот го кажа своето, ни престојат големи промени.

 

Александар Ристевски

To top