Колумни Љупчо Цветановски

Таче, Алија и издишаниот феномен на „зеленото џамче“

Викинзите крајот на светот го замислувале како момент кога небото ќе им падне врз глава. За Црпковци (по ново Тачевци и Ахметовци) крајот на светот е губењето на власта. Северџански армагедон или поверојатно АРАМгедон, апокалипса при која дилајлите ја губат магијата (читај судство, власт, обвинителство, МВР и тендери) и остануваат она што се. Евтини демагози и лукративни опортунисти зачинети со троа нелогичен комплекс на „виша“ вредност и мноогу ниски страсти. Викинзите сонуваат за Валхала, Црпковци за Тендерленд. Сегашна Македонија…

Таче, Алија и издишаниот феномен на „зеленото џамче“

Кај бандата на Црпковци (Таче, Алија, Стево, Венко, Груби, Обиџуко, Путерот, Османов, Цаци и другите) на највисок пиедестал е воршипот или идолатријата кон светото „зелено џамче“. Торжествениот им објект со кој пустите вршат и иницијација на новоцрпнатите им чеда од партиите, а од умешноста во „баратањето“ со него ви зависи и позицијата во црпковската каста. Кој поубаво бричи со „зеленото џамче“, тој е погоре, а ако можеш мижечки – ајт, директ си кај црпковските брамани. Што попослушен кон врховниот Црпко Прима алијас Ќуран/Командант Али, толку поголеми се шансите за успех и кариера. Небото е граница, како што еднаш им рече еднаш Шеќеринска на пилотите. Тресна зелена. И замолче…

И затоа, не чудете се што станавме протекторат во која светски бирократчиња и премиери на соседни земји патетично и телефонски реагираат за се’ и сешто и си аздисуваат пустите, а„нашите“ ќелепури оком-скоком исполнуваат. Тука секогаш е она нивното „зелено џамче“ со кое мајсторски ќе им учинат на дечките од меЏународна и соседството, па ќе си останат да си владејат. Минато, свршено. До задутре де, 8-ми мај лето Господово 2024-то. Оти цела комуњарска историја така и само така егзистираат ајваните – забричи ваму, угоди таму, забричи онаму, продај знаме, додај име, брични подолу, смени територијална организација, забричи погоре, прифати двојазичност, искасапи Устав, смени име на држава, ресчеречи историја, додај Бугари во Устав, брични десно, откажи се од Македонци во Грција, брични лево, па избриши ги Македонците во Бугарија, ајде плукни и на придавка македонски, поплукај и тоа, та дај му нежно на Груби сешто не ни побарал. Се’ и се’, саде зеленото џамче да „игра“ и да не застанува. И си владејат пустите…

И така, дури и Таче стана премиер. И викна со четврт уста и суво грло од неверување: „Победа, победа, победа?!?!?!“ Катастрофа на две нозе, ќелепур број еден. Цепко, наследникот на Црпко, има логика, макар била чудна… Велат, по задутрешниот дебакл, Заев му спремал советнички „офис“ во „Глобал“. Во знак на благодарност што му ускокна кога најмногу му требаше. За промена, до офисо ма Ќуран ќе имало и хидрант за гаснење пожари…

Суртуците кои со сиот ум, верувале или не, одат со кампања „Не се откажуваме од идинината“, слоган на кој дури и Монти Пајтон би им позавидел, пак и пак најавуваат победа?!?!!? Прво, точно е дека не можете да се откажете од иднината. Таа ви е стокмена, има тендерашка анамнеза и ве чека во Идризово и Шутка. Второ, алооо бре ајвани, па како бре некој нормален може воопшто и да се откаже од иднината?!?! Го замислувам Џон Клис или кој било до монтипајтоновците како паѓа во несвест со овој слоган и ве ребри до утре сабајле, но факт е дека ви фали еден епитет/придавка на зборот „иднина“. Можеше да биде светла/европска/ па дури и северна, ај така и колку да е ступидно има проѓа, ама да се откажеш од иднината, не можеш брате, не бива, немаш временска машина. Акл, башка. Утредента ќе ве демантира, а задутре на 8-ми мај, пак, ќе добиете тотален, апсолутен доказ за муабетот…

Секако, та ова е чиста северна, глупандерска класика, а би било чудно да беше нешто нормално, умно и логично, нели? Оти, вака функционира суријата северни генијалци, а условот да влезеш во бандата очебијно е да имаш IQ под 33 за да не си над гуру Црпко кој и ден-деенс пали и гаси во СДСССС (носители се Таче, Венко, Цаци, Лукаревска, Спасовски и Јове, уште Вицето фали за доказ), мора да ти лепат рачињата, да немаш проблем со продажба на национални интереси, да си природно агресивен и ступидно арогантен, амбицијата и инстант-кариера без никаква основа и поткованост да ти бидат основна мантра, а многу пожелно е да немаш скрупули и да си дудук за се’, со најповршни познавања на кое било поле. Сеопфатен и широкопојасен дунстер, во најкратки црти.

Туку, знаете дека една од карактеристиките на македонскиот јазик е едначење по звучност. Има и исклучоци. Една од карактеристиките на актуелната влада, доминантна, е појавата ЕДНАЧЕЊЕ ПО ГЛУПОСТ. Кој од кој е „подобар“…
И не, тука нема исклучоци…

Македонската анамнеза за северниот феномен „едначење по глупост“ е јасна. Болеста се лечи само и единствено со една терапија.

Иљачот се вика ИЗБОРИ, па повеќе дози ОДГОВОРНОСТ, па долга масажа во зандана.

Се гледаме на 8-ми мај.
Македонија вечна!

П.С. Контра неа, вие котиња сте повеќе од минливи. Каде и да е, се/ве гледаме на нечии црни листи. Штета што тоа никогаш не го сфативте….

To top