Свет нема предупредување за цунами

Земјотрес од 6,9 степени ја погоди Индонезија

Епицентарот на земјотресот бил на 370 километри југоисточно од Амбон, на длабочина од 146 километри, додава EMSC.

Земјотрес од 6,9 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на Бандското Море во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 370 километри југоисточно од Амбон, на длабочина од 146 километри, додава EMSC.

Нема предупредување за цунами од земјотресот, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување од цунами (ПВТЦ), пренесуваат британските медиуми.

To top