Свет молњи

Во Франција за еден ден забележани над 27.000 громови

Најмногу удари се забележани меѓу седум и осум наутро – 114 громови во минута.

Во Франција за еден ден забележани над 27.000 громови

Во Франција за време на невремето вчера се забележани 27.056 удари од молњи и громови, соопшти опсерваторијата за урагани и бури „Кероно“.

Најмногу удари се забележани меѓу седум и осум наутро – 114 громови во минута.

Иако невремето е надминато во поголемиот дел од земјата, во 11 окрузи во Франција сѐ уште важи портокалово предупредување поради можни поплави.

To top