Свет „стратешки важен“

Франција купува „стратешки важен“ удел од компанијата за кибер безбедност „Атос“

„Атос“ ги обезбедува комуникациите на француската војска и разузнавачките служби и произведува сервери за суперкомпјутери, а во делот од бизнисот што Владата сака да го купи се вработени околу 4.000 работници и се остварува приход од околу 900 милиони евра, изјави официјален претставник на Министерството за финансии за новинскиот канал LCI.

Франција купува „стратешки важен“ удел од компанијата за кибер безбедност „Атос“

Француската Влада во текот на викендот и сигнализираше на компанијата за кибер безбедност „Атос“ дека сака да купи дел од нејзиниот бизнис, класифицирајќи го како „стратешки важен“.

„Овој викенд му испратив на Атос писмо со намери да ги купи сите активности поврзани со Владата. Сакаме и други компании да се приклучат на потенцијалната понуда на Владата за тој дел од бизнисот на „Атос“. Конзорциумот предводен од државниот холдинг АПЕ ќе вклучи и други „француски државни актери, рече вчера министерот за финансии Бруно Ле Мер, без да наведе детали.

To top