Скопје Наспроти официјалните мерења

Град Скопје: Лажни се информациите дека аерозагадувањето во Скопје е на високо ниво

Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа, од Град Скопје велат се Кочани, Струмица, Гевгелија, Кавадарци и Тетово.

Град Скопје: Лажни се информациите дека аерозагадувањето во Скопје е на високо ниво

Откако на социјалните медиуми протече информација дека аерозагадувањето во Скопје е на високо ниво и градот е меѓу најзагадените во светот, од Град Скопје денеска преку соопштение ја демантираа наводната загаденост на воздухот.

Од Град Скопје велат дека се работи за пласирање на дезинформација, затоа што светскиот мониторинг сервис „WAQI“, кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во поголемите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е помеѓу најзагадените градови.

-Неразбирлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите поголеми градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот, велат од Град Скопје.

Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа, од Град Скопје велат се Кочани, Струмица, Гевгелија, Кавадарци и Тетово.

To top