Скопје скопје

Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „Ај-Кју Ер“ денеска го рангира Скопје на шесто место во свет според загаденоста на воздухот со индекс од 165, а прво место во Европа.

Printscreen / www.iqair.com

Според податоците на веб-страницата, најзагаден е воздухот во Лисиче, со индекс од 189. Мерните станици покажуваат високо ниво на загаденост и во Центар, Карпош и Гази Баба.

Printscreen / www.iqair.com

Во услови на загаден воздух, се препорачува малите деца, бремените жени, хроничните болни и повозрасните луѓе да не излегуваат на отворено, граѓаните да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да го користат јавниот превоз. Се повикуваат сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат ако немаат регулирано испуштање на отпадните гасови, а граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси.

To top