Регион рекорден број на домашни и странски набљудувачи

На денешните избори во Србија ќе гласаат вкупно 6.500.666 лица

Републичката изборна комисија на синоќешната седница во Белград донесе одлука за утврдување на конечниот број избирачи во Република Србија за изборите за пратеници закажани за 17 декември, и тој број е 6.500.666.

На денешните избори во Србија ќе гласаат вкупно 6.500.666 лица

Како што соопшти РИК, таа конечна бројка на гласачи се однесува на сите единици на локалната самоуправа на сите избирачки места на 15 декември 2023 година.

Претседателот на РИК на Србија, Владимир Димитријевиќ изјави дека изборите ќе ги следат рекорден број домашни и странски набљудувачи.

„Изборниот циклус за пратеници ќе го следат 5.587 набљудувачи. Тоа се девет домашни здруженија, односно 25 меѓународни организации и странски држави“, рече тој.

To top