Македонија пожар

Затворските чувари кои биле однесени на Токсикологија се на интензивна нега, еве каква е нивната состојба

Четворица вработени во затворот Идризово се пренесени на Универзитетската клиника за Токсикологија како последица од пожарот кој избувнал вчера во женското одделение од затворот, објави Слободен печат.

Затворските чувари кои биле однесени на Токсикологија се на интензивна нега, еве каква е нивната состојба

Четворица вработени во затворот Идризово се пренесени на Универзитетската клиника за Токсикологија како последица од пожарот кој избувнал вчера во женското одделение од затворот.

Според информациите, нивната состојба е стабилна, а неофицијално пожарот бил подметнат од затворенички кои запалиле постелнини и душеци.

Потврда за пожарот стигна и од МВР:

„Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите“.

Став побаравме и од клиниката за Токсикологија, еве што изјавија за Курир од таму:

Донесени се поради експозиција или изложеност на зголемена концентрација на чад и јаглероден моноксид. Сместени се во оделот за интензивна нега, тие се стабилни, во моментов примаат соодветна терапија, се прават постојано клинички испитувања и до сега тие немаат посериозни отстапувања во здравственат состојба поради труењето кое го добиле. Бидејќи јаглеродниот моноксид е опасен гас кој може сериозно да го наруши здравјето, па дури може и да го загрози животот, бидејќи има околу 270 пати поголем афинитет кон хемоглобинот кои што е транспортер на кислородот во организмот. Во моментот затворските чувари се во стабилна состојба постојано се испитува нивното здравје, примаат соодветна терапија, а во наредните денови сигурно ќе се направат и други испитувања со што ќе се види каква е нивната состојба, вели извор од клиниката за Токсикологија за Курир.

Тие и во наредните неколку дена ќе останат на клиниката поради нивна безбедност, додава нашиот извор.

Од клиниката за Курир велат дека нема други повредени лица, а состојбата на повредените чувари ќе се знае во наредните неколку дена, откако ќе се направат додатни испитувања.

To top