Македонија пожар

Вработени во затворот „Идризово“ завршија на Токсикологија по пожарот во женското одделение

Четворица вработени во затворот Идризово се пренесени на Универзитетската клиника за Токсикологија како последица од пожарот кој избувнал вчера во женското одделение од затворот, објави Слободен печат.

Според информациите, нивната состојба е стабилна, а неофицијално пожарот бил подметнат од затворенички кои запалиле постелнини и душеци.

Потврда за пожарот стигна и од МВР:

„Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите“.

To top