Македонија АМСМ

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Намалена видливост на патишта поради магла

Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, а во Прилеп видливоста поради магла е до 100 метри.

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Намалена видливост на патишта поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози, соопшти ЈП Македонијапат.

Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, а во Прилеп видливоста поради магла е до 100 метри.

-На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, информира ЈП Македонијапат и апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон  условите на патот.

Според вечерниот извештај на Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

-На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Најнови вести од Македонија

To top