Останати спортови

Макс Ферстапен стигна до спринт победата во Мајами

Макс Ферстапен стигна до спринт победата во Мајами

Макс Ферстапен оставри сигурна победа и на втората спринт трка за оваа сезона, онаа која ова попладне се возеше во Мајами како дел од гран-прито во Америка.

Трикратниот светски шампион покажа дека е недопирлив за конкуренцијата и на вториот тест овој викенд, па откако вчера го доби дуелот со Леклер за пол-позицијата на денешниот спринт, денеска на трката се одбрани во првиот свиок и потоа немаше никакви закани за првото место.

Поради ова, дел од спринт трката мина со безбедносно возило на патеката, но откако возбудувањата се рестартираа, најзначајно беше преминувањето на Перез кој се избори за третото место пред Рикиардо.

Покрај водечката четворка, бодови на спринтот освоија и Саинц, Пјастри, Хулкенберг и Цунода.

To top