Македонија

МВР: 159 казни за непрописно вградени фолии

МВР: 159 казни за непрописно вградени фолии

Во периодот од 01.11.2023 до 30.11.2023 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

При контролата санкционирани се 159 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести од Македонија

To top