Македонија Шлаканица за Ахмети, шанса за Македонија

Јонуз: Примерот со Груби е порака „дечки утишајте се“, истовремено со шлаканица за Ахмети

Она што го декларираше во минатото Мицкоски го спроведува на дело, и тоа успешно го прави барем сега за сега, истакна Јонуз во емисијата „За или против“ на Алфа Телевизија.
-Мицкоски, смртно сериозно повлекува чекори кои треба да покажат и докажат дека сето она што го декларираше ќе го спроведе во дело; Борба против криминал, корупција, против неправилности против многу нешта кои се кочничари на ова општество, и тоа успешно го прави барем сега за сега, вели Јонуз.

Јонуз: Примерот со Груби е порака „дечки утишајте се“, истовремено со шлаканица за Ахмети

Американците како опсервери сериозно ги сфатија заканите за од страна на ДУИ, а примерот со Артан Груби е огромен удар за Али Ахмети, смета аналитичарот Агим Јонуз. Тој смета дека САД како стратешки партнер покажаа јасно дека нема да дозволат никаква дестабилизација во Македонија, а самото ставање Артан Груби на црната листа претставува порака до интегративците „ дечки не таласајте многу, нема да дозволиме дестабилизација по ниедна цена“.

За Артан Груби се создаде слика за лидер од сенка, буквално како човек без кој не се може и претставува еен огромен удар врз лидерот на ДУИ Али Ахмети, вели Јонуз.
-Веќе подолг период во јавноста ние гледавме дека Артан Груби, помалку или повеќе ја преземаше улогата на аутцезар, и се наметна како некој лидер во сенка зад Али Ахмети правејќи и преземајќи постапки кои што стрикно беа поврзувани за неговата добра волја, за неговата реторика, за неговите настапи, и за сето она каде што он се појавуваше како човек без кој не се може. Така се создаде една слика, тоа рамниште Али Ахмети, Артан Груби станува на иста линија. Ова колку што беше удар кон Артан Груби, а пример за тоа што се случува во државата, толку и е еден огромен удар за Али Ахмети.

-Се случува еден многу интересен феномен, а тоа е дефинитивно се покажува кој уствари овдека е шумарот, шумарот што дошол во шумата и ги избркал партизаните, тоа се Американците. Прво етапно да ги гледаме нештата, се случи прво еден амбиент, во кој што ДУИ почна да рипа дека ќе преземе мерки кои се непопуларни, затоа што не успеаа да влезат во власта. Почнаа да се закануваат со дестабилизации, почнаа да се закануваат со сериозно преземање на улица и т.н и т.н, што беше директна порака дека на државава туку така нема да и се дозволи да има една нормална, стабилна Влада која ќе функционира без нив. Таа сериозност кој колку ја сфати, меѓутоа Американците секако сериозно ја сфатија како опсервери, како една страна која е стратешки пријател и на власта и на позицијата и на опозицијата, генерално на државата. Меѓутоа, истовремено на некој начин е и народски да се изразиме е контролор во автобусот, кој има карта кој нема. Така Американците направија еден чекор, дали да го змемеме како пример Артан Груби и за тоа што можат да направат Американците, ако сакаат да направат, но истовремено и на Али Ахмети му удрија помалку или повеќе една шлаканица, да внимава, што и каде и во кој правец се движи со своите постапки, најавувања и т.н и т.н, и со самото тоа на целото ДУИ, изјави во своето гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија Јонуз.

Јонуз додава деке за Амеиканците Груби е идеалната маша и затоа го „нашле“ него, а притоа испраќајќи порака дека нема да дозволат дестабилизација по ниедна цена на државата.

-Американците, како идеална маша го „најдоа“, они го знаеле, си следеле, удрија по Артан Груби и со самото тоа им дадоа до знаење на сите две работи. Првата е, дечки не таласајте многу пошто ние контролираме се. Второ, утишајте се со тие пораки за дестабилизаци и така натаму и така натаму, затоа што ние нема да дозволиме дестабилизација, по ниедна цена во ова држава, смета политичкиот аналитичар Агим Јонуз.

Она што го декларираше во минатото Мицкоски го спроведува на дело, и тоа успешно го прави барем сега за сега, истакна Јонуз во емисијата „За или против“ на Алфа Телевизија.
-Мицкоски, смртно сериозно повлекува чекори кои треба да покажат и докажат дека сето она што го декларираше ќе го спроведе во дело; Борба против криминал, корупција, против неправилности против многу нешта кои се кочничари на ова општество, и тоа успешно го прави барем сега за сега, вели Јонуз.

Најнови вести од Македонија

To top