Хроника

Автомобил излета од пат: Загина возачот, сопатник тешко повреден

Автомобил излета од пат: Загина возачот, сопатник тешко повреден

На 08.05.2024 во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот.

-На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

To top