Ракомет ракомет

Паличка ги откажа Германците, Шведска со бронза и директно учество на Олимписките игри во Париз

Шведска го освои третото место на Европското првенство, откако во дуелот за бронза, ја совлада домашната Германија со 34-31.

Оваа победа има двојно значење, затоа што третото место на ЕП носи и директно учество на Олимписките игри во Париз, со оглед на тоа дека финалисти на ЕП се светскиот првак Данска и домашната Франција и имаат обезбедено место на ЛОИ во Париз.

Швеѓаните првпат освоија бронзен медал на едно ЕП, а Германија последниот медал го освои во 2016 година кога беше првак.

Јунак на Викинзите беше голманот Андреас Паличка со дури 19 одбрани. Во нападот на Шведска се истакнаа Клар со 8 и Карлсон со 7 голови.

To top