Ракомет

Грчевски го објави списокот на ракометарки за тестовите со Велика Британија

Грчевски го објави списокот на ракометарки за тестовите со Велика Британија

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Кристијан Грчевски го објави списокот на повикани ракометарки од домашното првенство за претстојната ЕХФ женска недела во месец ноември.

Планирано е да се одиграат два контролни пријателски натпревари кои ќе бидат од затворен тип со репрезентацијата на Велика Британија.

Репрезентацијата ќе биде од комбиниран состав, составен од ракометарки кои настапуваат во домашно првенство во систем на натпревари при РФМ.

Собирот на ракометарките е закажан на 20 ноември од 12.00 часот во хотел Континентал во Скопје.

foto:РФМ

To top