Ракомет

Данска и Шведска обезбедија четвртфинале на СП

Данска и Шведска обезбедија четвртфинале на СП

Ракометарките на Данска ја декласираа Полска со убедливи 22-32 во натпревар од 4. коло од главната група 3 на Светското првенство на кое се коорганизатори заедно со Шведска и Норвешка.

Откако по првиот дел имаа позитива од само три гола (12-15) во вториот дел Данките уфрлија во повисока брзина и на крајот стигнаа до огромен триумф од 22-32. Јоргенсен и Остергард со по пет голови беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа шесте гола на Росиак.

И вториот коорганизатор Шведска стигна до победа со која се пласираше меѓу осумте најдобри на Мундијалот. Швеѓанките беа подобри од Унгарија со 22-26. Лингквист и Робертс со по седум гола беа први имиња кај Швеѓанките, додека кај Унгарија Вамос постигна шест.

To top