Ракомет

Чешка избори четвртфинале, а Холандија ја исфрли Шпанија од СП

Чешка избори четвртфинале, а Холандија ја исфрли Шпанија од СП

Ракометарките на Холандија беа убедливи со 29-21 против Шпанија и го потврдија своето место во четвртфиналето на Светското првенство (СП), каде што се пласира и Чешка.

Шпанија не смееше да си дозволи пораз, па тргна добро и водеше со 4-2, но набрзо следеше голем пад во играта и Холандија го искористи тоа за да замина на паузата со 13-9.

Холандија во второто полувреме во еден момент стигна и до +11 (25-14), со што стана јасно дека се ближи крајот за ракометарките на Шпанија.

Чешка загуби со 27-30 од Бразил, меѓутоа убедливиот пораз на Шпанија ѝ помогна да се пласира во четвртфиналето на СП.

Теми на денот

To top