Останати спортови

Ник Кирјос нема да игра на АО

Ник Кирјос нема да игра на АО

Австралискиот тенисер Ник Кирјос поради повреда нема да учествува на претстојниот Австралија опен, но тоа нема да го спречи да се сретне со Новак Ѓоковиќ. Двајцата нема да играат тенис, бидејќи овој пат Австралиецот ќе биде во улога на водител, а Новак ќе гостува во неговиот поткаст.

Кирјиос ќе има разговор со српскиот тенисер по хуманитарниот меч во Род Лејвер Арената, а фановите овој поткаст ќе можат да го погледнат на 24 јануари.

– Едвај чекам да излезе мојата нова серија. Тешко ми беше да ја пропуштам последната година поради повреда, но се забавував коментирајќи и развивајќи сопствено ток-шоу. Имаме одличен состав на гости за првата сезона и едвај чекам сите да го видат – изјави австралискиот тенисер.

To top