Останати спортови

Синер: Ова е посебен турнир за мене

Синер: Ова е посебен турнир за мене

Јаник Синер со голем пресврт ја освои првата грен слем титула во кариерата, а беше скромен во изјавата за време на доделувањето на пехарот на Австралија Опен.

Во изјавата што ја даде на теренот веднаш по натпреварот, Синер најпрво му честиташе на Данило Медведев.

-Пред се, Данил, честитки до тебе и на тимот за неверојатниот турнир. Одигравме многу натпревари, едноставно најдов нешто во мојата игра. Ме туркаш напред, часовите што ги поминавте на теренот, тоа е неверојатно. Се надевам дека еден ден ќе освоиш трофеј овде, знам дека можеш. Ти посакувам се најдобро во остатокот од сезоната, рече Синер на церемонијата, а потоа додаде:

-Ова е посебен турнир за мене. Благодарение на мојот тим, на сите во боксот, на оние дома. Се трудевме да се подобруваме од ден на ден, да бидеме посилни, психички. Ме бодревте, бевте покрај мене. Не беше лесно со мене, но ви благодарам на сите“.

Посебна благодарност упатува и до неговите родители:

-На сите дома, особено на семејството, особено на родителите им посакувам се најдобро. Фала што ми дозволи да изберам тенис. Никогаш не ме притискаа. Имав слобода како дете, па затоа им благодарам многу. Се гледаме следната година, благодарам на сите“, заклучи Синер

To top