Останати спортови

Елиминиран осмиот носител на АО Холгер Руне од 122 играч на светот

Елиминиран осмиот носител на АО Холгер Руне од 122 играч на светот

Французинот Артур Казо (21) го совлада осмиот носител на турнирот во Мелбурн Холгер Руне од Данска во четири сета. Моментно 122 играч на светот дојде до победата со резултат 7:6 (4), 4:6, 6:4 и 6:3.

Казо, кој на „Австралија опен“ дебитира благодарение на поканата од организаторите, во третото коло ќе игра против Холанѓанецот Талон Грикспор.

Французинот и во првото коло елиминираше уште едно познато име, Србинот Ласло Ѓере, што му беше прв триумф во кариерата на еден од грен слем турнирите. А победата над Руне му е само трета на АТП турнирите.

Казо го надигра Руне со моќен сервис, имаше дури 18 асови, и освои 82% поени на прв сервис.

Оваа победа на францускиот тенисер сигурно го израдува и Карлос Алкараз кој го имаше Руне како потенцијален ривал во полуфиналето на турнирот.И во женска конкуренција се случи изненадување, ланската финалистка Елена Рибакина (Казахстан) загуби од Ана Блинкова со 6:4, 4:6, 7:6 (20).

To top